Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, смета дека „Лумира“, уредот за дијагностицирање на разни болести, треба да биде што е можно попристапен. Гејтс го посочи ова како една од мерките за спречување на пандемија.

Мултимилијардерот Гејтс ја спомна „Лумира“ во неговото последно обраќање на конференцијата Тед, каде што зборуваше за тоа како пандемијата на корона вирусот може да стане последна пандемија. Токму фондацијата со која Гејтс досега раководеше заедно со поранешната сопруга Мелинда го финансираше развојот на споменатиот уред.

Компанијата „Лумира Дикс“ е основана во 2014 година и е со седиште во Лондон. Рон Цванцигер е на нејзиното чело и е претставена како компанија што произведува уреди за дијагностицирање болести, развивање системи за самопомош во здравството и здравствени бази на податоци.

„Лумира“ е уред за брза дијагноза на корона вирус. Се тврди дека е поефикасен, попрактичен, но и поевтин од постоечките уреди за истата намена. Следствено, таа е подостапна за посиромашните земји. Со оглед на горенаведеното, како и тоа дека брзата дијагноза е клучна за борба против пандемијата, некои веруваат дека ова е уред кој „ќе промени сè“ (game changer).

Примерокот се нанесува на лентата во уредот, по што следува анализа која трае нешто повеќе од 10 минути. Потоа се добиваат резултатите кои ги содржат сите потребни информации за пациентот. Освен за дијагностицирање на корона вирус, може да се користи и за дијагностицирање на нарушувања на коагулацијата, кардиоваскуларни заболувања и дијабетес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.