Кинеската компанија „Шаоми“ најави пуштање во употреба на фабрика во која работат само роботи со вештачка интелигенција.

Извршниот директор, Леи Јун, изјави дека новата фабрика во Пекинг може да работи без луѓе 24 часа на ден без паузи или викенди и да произведува 1 паметен телефон во секунда (10 милиони годишно).

Некои машини ќе склопуваат уреди, други ќе го следат квалитетот на нивната работа, а трета ќе ја одржуваат чистотата внатре во зградата.

Во фабриката има и производни линии за автомобилски електронски делови. „Шаоми“ планира дополнително да го зголеми роботското производство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.