Компанијата Фејсбук се огласи за случајот кога илјадници корисници дознаа дека автоматски од нивните профили на социјалната мрежа биле испратени барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите корисници ги прегледале.

Многу корисници добиле известување од социјалната мрежа.

Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се извинуваме и ги откажавме барањата за пријателство што беа испратени поради оваа грешка. Може да го отворите дневникот за активности за да ги прегледате барањата за пријателство што сте ги испратиле или примиле“, гласи пораката од комапнијата.

Ваквиот своевиден интернет-хаос настана кога некои корисници препознале дека социјалната мрежа Фејсбук самата испраќа барања за пријателство до профили прегледани од корисникот „испраќач“ или до сосем непознати луѓе. Проблемот се појави на светско ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.