Со отворање на рудници за литиум и други критични суровини во земјите-членки, но и преку изградба на мегафабрики за литиум-јонски батерии на кои ќе се заснова економијата во наредните децении, ЕУ е решена да го стигне САД, но и да ја намали својата зависност од Кина.
На овој начин, Европа може да ги достигне конкурентите и да стане еден од главните играчи кога станува збор за гигафабриките за батерии
Франција сериозно зачекори во полето на електромобилноста и масовното производство на литиум-јонски батерии за електрични автомобили. Проектот на мултинационалната компанија „Имерис“ е еден од најголемите литиумски проекти во Европа, а треба да започне со производство во 2028 година. Планирано е производство на 34.000 тони литиум хидроксид, доволно за 700.000 електрични возила. „Имерис“ учествува во заедничко вложување со компанијата „Бритиш литиум“ од отворањето на подземен рудник за литиум во областа Корнвол во Велика Британија.
Друг голем проект на француското производство на батерии е проектот на компанијата „Веркор“ вреден две милијарди евра, за кој добија поддршка од околу 700 милиони евра од француските даночни обврзници.
Според проценките на Блумберг, Германија суверено ќе остане најголемиот европски производител на батерии во наредниот период. До 2027 година Унгарија ќе биде на второто место, а потоа следат Шведска и Полска.
На Европа и треба литиум и има свои ресурси. Европа ќе мора да направи повеќе ископување, преработка и рециклирање на критичните минерални ресурси како литиумот на нејзината територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.