Раперот Еминем е новиот херој во популарната игра „Фортнајт“ (Fortnite). Имено, компанијата „Епик гејмс“ (Epic Games) официјално потврди дека ликот на раперот ќе се најде во новата верзија што ќе излезе овој месец, поточно в среда.
„Виртуелниот Еминем“ ќе биде достапен во три верзии, со костимите „Rap Boy“, „Slim Shady“ и „Marshall Never More“. Според досегашните податоци, познатиот рапер ќе има и настап на настанот под наслов „Биг бенг“ (‘Големата експлозија’, ‘The Big Bang’), планиран за 2 декември, со којшто „Епик гејмс“ ќе го одбележи големото финале на четвртата сезона.
Настанот е најавен како најголемото ажурирање на „Фортнајт“ досега, во поглед на големината на датотеките.
Видеоиграта доживува повторна врвна слава, со огромен број играчи – во просек дури 44 милиони на ден. Инаку, следно околу „Фортнајт“ е поглавјето пет, што треба да биде претставено на 2 декември. На „Х“ се појави и концептна мапа наречена „Соларија“. Концептот е, всушност во облик на визуелни примери од веќе славното минато на „Фортнајт“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.