Во понеделник на 18 ноември 2024 година во просториите на ОУРЦ „Иднина“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи работилница за родители со наслов „Стигма на лица со попреченост“.

Обележување, жиг, фрлен срам или неформална казна врз некого, поради некои карактеристики е појава позната како стигматизација. На кој начин стигмата го уништува личниот углед и колку длабоки последици може да предизвика кај личноста ќе говорат нашите соработници психолози, семејни терапевти од Меѓународниот Балкански Универзитет.

 

Агенда за Работилницата:

10:00 – 10:15 Вовед и добредојде
– Краток вовед за стигмата од различни аспекти: во рамки на семејството, од страна на медицинскиот кадар, во училиште и на јавен простор
– Презентација на целите и важноста на работилницата
– Работилницата ќе ја водат психолозите Миа Костовска, Сумеа Рамадани и Фатиме Зибери
10:15 – 10:40 Вежба со техника „Празно столче“
– Практична вежба за учесниците со примена на техниката „Празно столче“ за разбирање и справување со стигмата
– Вклучување на примери од секој сегмент: семејство, медицински кадар, училиште и јавен простор
10:40 – 11:30 Дискусија и простор за прашања
– Отворена дискусија за учесниците
– Споделување на впечатоци и размена на искуства
– Заклучоци и завршни забелешки

 

Забелешка: Работилницата ќе биде интерактивна со цел да се поттикне активно учество и размена на искуства меѓу учесниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.