Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во теренска посета на Прилеп, Кривогаштани и Битола. Во рамките на активностите – Среќата се споделува која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика денес беа доделени над 100 пакети храна на ранлива категорија на граѓани.

Покрај доделувањето на пакетите министерката Тренчевска заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беа во публиката на изведбата на театарската претстава „Волшебните кучиња и тајната на кутијата“. По завршувањето на претставата беа доделени пакетчиња за над 100 деца од страна на двете министерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.