Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“.

 На големиот базар ќе земат учество преку 50-тина современи ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали домашни винарии.

Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустираат македонските вина и да подарат за своите љубени уникатни креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Рачно направени колачиња и чоколади, декорирани со свежи цвеќиња во духот на вљубените, кожни аксесоари, накит, љубовни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, рачни везови… Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, во која е компримиран креативниот труд на овие уметници, посебно љубовта, која се рефлектира во секој детаљ од нивната работа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.