Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 km северозападно од Скопје кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7, а беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, објави на страницата на Фејсбук Сеизмолошката опсерваторија при Природно математички факултет Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.