Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски, информира синоптичарот Славчо Бубевски.

Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат натпросечно високи, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно, суво и не многу студено, без врнежи од снег и на пониските и на повисоките места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.