Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Пожаране и во Лазарополе 65 литри на метар квадратен.

До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола, 8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и еден литар во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.