Снегот кој паѓа изминатата вечер и утрово создаде снежни покривки на поголем дел од територијата на државата, осбено на повисоките места. Па така на неколку државни патни правци е воведена забрана за тешки товарни возила и автобуси – информираат од ЦУК. Оттаму велат дека досега до нив е пристигнат само еден повик за поголеми наноси на снег на патот од с.Железна река до с.Сарбиново Гостиварско , по што веднаш била испратена механизација за чистење на патот. Од ЦУК очекуваат најкритично да биде утре наутро кога по топењето на снегот и минусните температури, би се појавила голомразица.

„Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од 4 часот има на патниот правец Гостивар кон Стража- Кичево и од Маврово кон Дебар, забрана за автобуси од 5 часот има на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а за другите возила задолжителна е зимска опрема. Според информација од Македонија пат од 8:45 на патниот правец А2 Струга-граничен премин Кафасан има забрана за тешки товарни возила поради интензивни снежни врнежи. Досега немаме информации за завеани села.

И од Град Скопје посочуваат дека се подготвени за оддржување и чикстење на коловозите и булеварите, но и оттаму апелираат на особена внимателност на возачите.

Зимава снег за прв пат падна и во Скопје. Иако низ улиците на метрополата нема многу снег и сообраќајот се одвива непрекинато, сепак важно е во вакви временски услови возачите да бидат внимателни.

Камерата на Канал 5 ги забележа и екипите од Град Скопје на терен низ Скопските булевари

Најмногу врнежи од снег утринава има наврнато на Маврови Анови каде снежната покривка достигнала до осум сантиметри, пет во Попова Шапка и Дебар, два во Крива Паланка и Тетово, еден сантиметар во Крушево и Ѓуриште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.