Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, во февруари можеме да очекуваме повеќе врнежи од дожд, но не е исклучена можноста и за појава на врнежи од снег на некои места во Македонија.

Јануари помина со осцилации во температурата – имаше навистина студени денови, особено наутро, но имаше и неколку сончеви и релативно потопли.

Имавме и неколку снежни денови, особено на повисоките места.

Според метеоролошките анализи, слично време нè очекува и во февруари, но истовремено можно е да се појават и повеќе врнежи од дожд, а на некои места и од снег.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски за овој февруари:

„Судејќи според долгорочните анализи, февруари оваа година ќе биде со натпросечно количество врнежи, но малку потопол, за еден до два степена над просекот што не е премногу.

Тоа значи дека ќе има и почести продори на студени воздушни маси од Арктикот кон нашите краишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.