По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во попладневните часови во период од 15.00 до 18.00 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од артилериските орудија, информираат од Генералштабот на Армијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.