Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во околината на Битола, Ѓавато, Плетвар и Демир Капија. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-Лисец.
Од ЈП Македонија пат соопштија дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Дежурните екипи, подвлекуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.