Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат и под името „воден“. Со водата сѐ брзо заминува. И понатаму е ладно. Кај народот постојат бројни верувања поврзани за овој месец.

Кој се родил во февруари знае дека тоа е воедни о најсреќниот месец во годината. Февруари е значаен и за оние кои планираат да се венчаат.

Нашите предци имале смислувале своја временска прогноза врз основа на случувањата во природата. Кога е февруари во прашање, народниот календар за прогнозата за времето и денес е прилично точен. Проверете и уверете се:

-Ако февруарското убаво време измами муви, март ќе ги уништи

-Старите луѓе велат дека ако мачка се сонча на евруарско сонце, тогаш во март ќе биде склопчена крај печката

-Ако на Свети Трифун врне, тогаш сливата ќе има добар род

-Ако грее често сонце, тогаш ќе има снег во март



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.