На 28 ноември почнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари.

Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Постот не значи монотона исхрана или гладување, туку урамнотежена исхрана со растителна храна.

Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.

Во текот на целиот божиќен пост не се јаде месо, бело месо и јајца. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок, кога се пости „на вода“.

Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица, дури и ако празникот паѓа во среда или петок.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.