Веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота), односно утре и задутре.

Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните  и во југоисточните предели.

На планините и на Скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри. Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота.

Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина.

На возачите  и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег, ги советуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и Скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите за време на викендот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени, на високите планини и под -10 степени. Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално собрзина од над 60 км/час).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.