Во главниот град на Тајланд, Бангкок денеска е издадено ново предупредување поради екстремните температури на воздухот. Според метеоролозите денеска се очекува температурата да се искачи над 52 Целзиусови степени.
Министерството за здравство вчера соопшти дека 30 лица починале од топлотниот бран во периодот од 1 јануари до 17 април, што е многу загрижувачко во споредба со 37 смртни случаи во цела 2023 година.
Во Бангкок вчера беа измерени 40,1 степени Целзиусови.
Бран екстремна топлина зафати делови од Јужна и Југоисточна Азија оваа недела, принудувајќи ги училиштата ширум Филипини да ја прекинат наставата, а верниците во Бангладеш да се молат за дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.