Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека најавениот посебен сообраќаен режим за утре (11 јануари)  во Тетово нема да се спроведе од 5 часот и 30 минути до 12 часот, како што првично беше планирано.  Причина е одложената посетата на високата делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија.

Тоа значи дека утре сообраќајот во Тетово ќе се одвива нормално и без  никакви ограничувања на претходното споменатите улици, а истото се однесува и за паркирањето на возилата, информираат од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи и посебно оние кои се однесуваат на паркирањето на возилата, а пред се да избегнуваат паркирање во таканаречени „двојни редови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.