Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите да ја прилагодат брзина според условите на патот, посебно доколку патуваат кон Попова Шапка, Маврово или по долината на Радика и задолжително да поседуваат зимска опрема.
Зашто, поради ниските температури наутро и навечер коловозите подмрзнуваат и стануваат лизгави, а во долината можни се и одрони од земја и камења.
Се апелира, исто така, навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата и да се воздржат од консумирање на алкохол доколку седнуваат зад волан.
Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, дотолку повеќе што неприлагодената брзина и минатата година беше причина број еден за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.