Денеска во Царинската управа беше извршено примопредавање на функцијата директор на Царинската управа, каде новоназначениот директор Стефан Богоев официјално ја презема должноста од неговата претходничка Славица Кутиров.

За време на средбата, Кутиров го информираше Богоев за делокругот на работа како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита на финансиските интереси на државата и општеството, поддржувајќи го економскиот развој преку олеснување на трговијата, меѓународната соработка и понатамошна модернизација на Царината.

Истакнувајќи дека веќе е запознаен со предизвиците, тековните и планираните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината ја потврди својата заложба за реализирањето на стратешките цели во оваа област, особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот која ќе дава силна поддршка на локалната економија и ќе биде усогласена со стандардите на Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.