Поради изведување градежни работиод 7 до 16 март ќе има времено пренасочување на сообраќајот на секцијата Песочани – Требеништа, на патниот правец Кичево – Охрид, соопшти денеска компанијата „Синохидро корпорејшн лимитед“ – Пекинг, подружница Скопје, со седиште во село Извор, Кичево.

Времената измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот од лева на десна лента во правец кон Охрид, според информацијата, ќе биде од 7,4 километар до 9,022 километри.

По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна состојба. Во текот на траењето на градежните работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.