Сообраќајниците околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје утре од 10.30 часот ќе бидат затворени поради настан со кој ќе се одбележи празникот Бадник.

МВР соопшти дека посебниот сообраќаен режим во тој дел од градот ќе важи до завршување на настанот пред храмот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.