Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (ЦУК), на територијата во државата заради наглите зимски временски прилики со дожд, снег и ветер (иако најавени) имаше проблеми во сообраќајот, нема податоци за регистрирани пожари на отворено – пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 2.037 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Тоа е речиси двојно повеќе повици од претходниот ден, а имало 30,05% кон ЦУК од реалните итни повици за комбинирано решавање, што е за три пати повеќе од претходниот ден.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово, известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак (делница) Маврово-Маврово. На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината согласно условите на патот. Дежурните екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта биле постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 47,91%, а 52,09% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање.

Кон Полицијата биле упатени 36,12% од повиците, кон Итната медицинска помош 27,16%, кон пожарникарите биле упатени 2,05%, кон АМСМ 4,62% и кон ЦУК имало 30,05% за комбинирано решавање од итните реални повици, секако заедно со другите 52,09 %, „неитни повици“ за решавање.
Конкретно, изразено во бројки, вкупно 1.165 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК, во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.