За сите оние кои со нетрпение очекуваат да си ги испланираат неработните денови во 2025-та, календарот со празници е тука.

Во 2025-та ќе има вкупно 4 продолжени викенди за сите граѓани, односно 6 за граѓаните од православна вероисповед.

За сите граѓани:

  • 01 јануари (среда), Нова Година,
  • 07 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден,
  • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 01 Мај (четврток), Ден на трудот,
  • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста,
  • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.