В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен за исчезнат пронајден е жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Од семејството потврдија дека В.Н. е пронајден и потрагата по него е запрена.„На 22. ноември во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41)“, информираше вчера СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.