Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локалeн слаб дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според УХРМ, следува период на променливо облачно време, до понеделник повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.