Асфалтирана  улица во должина од 240 метри во Водоврати за што се  извоени 1.257.814,00 денари од буџетот на општината, а изведувач на градежните работи била градежната компанија ЕМРАХ ИНТЕРТРАНС.

Заврши асфалтирањето и на улицата во Ногаевци, во должина од 310 метри за  која исто така општината обезбеди  2.024.420,00 денари.

Реконструиран е и локалниот пат Градско-Долно Чичево во должина од 500 метр, финансиран со средства од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион со вкупна вредност од 6.062.545,00 денари. Изведувач на градежните активности било Друштвото за производство, трговија и услуги ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Скопје. Општината учествувала со 700.000,00 денари за реализација на проектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.