Kaко што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола.

Тој претходно, пред 18 часот кажа дека пожарот стигнал до 50 и 100 метри од првите куќи.

„Пожарот е изгаснат од страна на пожарникарите од Гевгелија, Неготино, Валандово, Кавадарци како и доброволците од Доброволното противпожарно друштво ‘Неготино’ со поддршка на еден армиски хеликоптер. За жал беше зафатена и борова шума. Очекувам многу бргу да биде целосно изгаснат“, изјави Ангелов.

Од Владата по денешната седница соопшрија дека се дискутирал за пожарите во земјава, за штетите, но и за причините за толкав број на пожари.

„Како причини се наведува дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, најмногу ненамерно, заради палење на стрништа, пасишта и меѓи. Во делот на намерно предизвиканите пожари, беше посочено дека преовладуваат криминални мотиви и има повеќе такви случаи кои се испитуваат“, велат од Владата.

До 13 часот во земјава имаше 16 пожари на отворен простор, од кои 7 активни, 6 под контрола и 3 изгаснати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.