Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04. и 05.11. (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.