Поради започнување на градежни активности на регионалниот пат Р-2239 делница с.Бродец – с.Побожје,од км.10+100 до км.16+000 или вкупна должина 5900 метри, ќе се започне со реконструкција, санација и надградба на коловозната делница по налог на ЈП за државни патишта Скопје, која ќе трае во наредните 15 дена со блокирање на сообраќајот почнувајќи од 24.09.2024 год.(вторник) во временски интервал од 09.30 до 14.30 часот, соопштија денеска од ЈП Македонија пат.

На овој потег ќе биде поставена соодветна сигнализација при изведба на работите, потенцираат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.