Претежно облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Поради заладување услови за снег ќе има и во некои од пониските места. Во втората половина од ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопската Котлина облачно, во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминат во слаб снег.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО 16 ЧАСОТ

-1 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 4 Скопје-Зајчев Рид, Берово, 5 Скопје-Петровец, Штип, 6 Прилеп, 7 Демир Капија, Виница, 8 Охрид, Битола, 9 Претор, Струмица, 10 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од четврток до сабота температурата ќе биде во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и значителна ниска облачност и таму дневната температура ќе биде пониска. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.