По 19 часа целосен прекин на водоснабдувањето на градот и околните населени места, во Битола вечерва почна да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.

Од ЈКП „Вододовод“ – Битола соопштија дека дефектот на потисниот цевковод на пумпната станица кај местото викано „Довлеџик“ е отстранет и се очекува постепено нормализирање на водоснабдувањето кое почна од пониските зони, додека високите зони и станбените комплекси се уште се без вода.

Како што е познато, водоводната мрежа во Битола и Битолско целосно беше испразнета откако поради прекин со електрично снабдување пукна потисната пумпа кај пумпната станица „Довлеџик“. Затворачот Ф-500, кој бил целосно рѓосан и нефункционален, е сменет, со што дефектот е отстранет, а прекинот во водоснабдувањето со вода за пиење, кој почна во еден часот по полноќ, вечерва почна да се нормализира, информираа од тамошното локално претптијатие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.