Се сруши потпорниот ѕид над Детската Клиника, на улицата која поминува над Клиничкиот центар, потврди Центарот за управување со кризи, ЦУК.

Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на потребните мерки. После 1,5 година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со решавање на оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улициата, по што е можна поголема трагедија. Од ЦУК во повеќе наврати е интервенирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претпеијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.