Од утре следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на претежно попладневен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.

Дневните температури ќе бидат повисоки за околу 2 до 3 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер, а попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.