Јавното претпријатие Градски паркинг Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летното сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско, со кои стопанисува претпријатието.
Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од понеделник до сабота од 07:00- 23:00 часот.
Оттаму апелираат до сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.