Под влијание на циклонска активност, од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела, над 20 л/м2 . Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување, соопшти УХМР.

Од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Во Скопје денеска и утре ќе се задржи магливо време со пониска дневна температура.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Во недела ќе се задржи претежно облачно време со повремен дожд, а во понеделник заради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер и во повисоките делови од котлината ќе има услови за повремен снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.