Од 8 часот утрово корисници на ЕВН пријавуваат дека на различни локации во Кисела Вода нема струја. Првичниот одговор што го добиле граѓаните утрото е дека станува збор за дефект за кој се веќе известени, но дека екипа ќе излезе на терен да го санира дефектот кога ќе стаса на ред оти имале и други дефекти.

Според реакциите на граѓаните, бидејќи дефектот се уште не е саниран, тие се сомневаат дека нема обезбедено доволно струја и дека станува збор за рестрикции. Тие се гневни и своето незадоволство го изразуваат на социјалните мрежи. Велат дека не е фер при уредно платени сметки да останат без струја и греење во најстудениот викенд есенва.

Жителите на Кисела Вода додаваат дека и центарот за корисници повеќе не им е достапен иако телефонските повици уредно им се наплаќаат, а прекинот или дефектот се уште го нема на листата пријавени и евидентирани прекини во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.