Денеска е Сретение. Во четириесеттиот ден по Рождество, Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти
Постојат неколку верувања кои во народот се врзуваат со овој празник, а едно од нив е дека денеска се среќаваат летотото и зимата, па деновите стануваат подолги, а времето потопло. Ако денеска, верува народот, изгрее сонце, а мечките се исплашат од сопствените сенки и се вратат во зимски сон, зимата ќе трае уште 6 недели. Ако не ја видат својата сенка, ќе излезат од своите пештери да побараат храна и зимата е готова.
Еден од обичаите е дека свеќа мора да се пали на Господовата вечера, бидејќи се верува дека пламенот на свеќата ја штити куќата од грмотевици и други несреќи, но исто така има и магична моќ.
Најинтересно од верувањето на овој ден е дека младите девојки треба да бидат претпазливи денес кој прв ќе сретнат наутро, бидејќи нивниот младоженец ќе биде таков и по изглед и карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.