Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јули.
Денеска е Собор на Св. архангел Гаврил.
Свети архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.
На Светиот архангел Гаврил му се молат жените кои немаат деца, бидејќи се верува дека тој носи благи и убави вести.
Во народот постои верување дека ова е најдобар ден за нов почеток.
На денешниот голем празник не треба да се работи, туку се препорачува да се одмара, но сепак се смета дека иако не треба да се работи за себе и за пари, ова е идеално време да се почне добротворна работа. Треба да споделуваме се што имаме со блиските бидејќи ова е празник на споделувањето.
Потрудете се денеска да направите некое добро дело, па дури и некое симболично. Нема да ве чини ништо, а светецот ќе ви помогне да ви се промени животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.