И денеска (сабота) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Работното време, како што информира МВР, е од 8 до 16 часот. Вчера, премиерот Димитар Ковачевски потврди дека личните документи за внатрешна употреба (лична карта и возачка дозвола) со старото име ќе продолжат да бидат важечки и по 12 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.