Јавното претпријатие (ЈП) Градски паркинг-Скопје соопшти дека утре, на празникот Свети Климент Охридски, нема да се наплаќа зонско паркирање на јавните површини со кои стопанисува ова јавно претпријатие односно на  зоните А, Б, Ц и Д.

Како што информираа од претпријатието, редовна наплата ќе се врши на паркиралиштата, зона А0- Водно, катни гаражи Беко и 26 Јули и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и Клинички центар Мајка Тереза. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.