Православните верници денеска го слават Зачнувањето на Свети Јован Претеча и Крстител.
Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета.
Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос.
Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.
Се верува дека на денешен ден сите родители кои не ги крстиле децата, тоа да го направат или барем да одредат датум за крштевање. Оние пак кои немаат пород, треба да се помолат и да не губат надеж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.