На 28 ноември започнуваат Божиќните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип.
Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога. Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.
Православната црква запишала дека Божиќниот пост е востановен за верниците да можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.