Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари.

Денеска е Преподобен Мартинијан.

Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезаре¬ја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.