Според календарот на Македонската православна црква денеска  е Преподобна Параскева – Петковден.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Уште од порано постои верувањето дека Света Петка може на тој ден да го претскаже идниот сопруг на секоја жена. Од личноста која го слави овој ден треба да се земат трошки од секој колач кој го исече домаќинката, а потоа да се стават под креветот. Нородот кажува дека девојката која ќе спие на тој кревет ноќеска ќе го сонува идниот сопруг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.