Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош денеска ќе бидат без вода поради изведување на водоводни приклучоци.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.105, од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода.
Од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр.46.
Од 8:30 часот, пак, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр.9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“.
Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.