Корисниците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Божидар Аџија“ во општина Кисела Вода ќе немаат вода од 11:15 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-200 мм на ул. „Димо Хаџи Димов“ 24 и ќе трае до завршување на работните активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.