ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.Кеј Димитар Влахов 15 до МКЦ во населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, од страна на екипите на претпријатието се превземени сите активности и мерки за отстранување на истиот.
Од рано изутрина екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефекот.
Во овој момент неможе да се предвиди точното време на санирање на дефекот, но екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се и ќе останат на терен се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите делови каде истото е прекинато.
Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места со прекин на водоснабдувањето врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања упатени до Дежурно Информативниот Центар на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде за секоја потребна дополнителна информација граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 3073 010.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.